Серхио Рамос го одбил бразилски Ботафого

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос одбил да ја продолжи играчката кариера во бразилски Ботафого, бидејќи бил незадоволен од финансиската понуда.

Рамос  во моментов е без договор, бидејќи неговиот договор со Севилја истече на крајот од минатата сезона. Специјализираниот фудбалски сајт Гол наведува дека шпанскиот фудбалер преговарал со Ботафого, но договор не бил постигнат бидејќи Рамос имал премногу финансиски барања.

Покрај за Севилјаа, Рамос настапуваше и за Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. За шпанската репрезентација одигра 180 натпревари од 2005 до 2021 година и постигна 23 гола.

Се вчитува...