Серхио Рамос изненади многумина – трансфер во Мексико

Прославениот шпански фудбалер Серхио Рамос е на праг да ја продолжи својата кариера во Мексико. Шпанскиот дефанзивец е слободен играч од ова лето, откако не го продолжи договорот со Севилја.

Иако сите мислеа дека неговата кариера е завршена, тој на 38 години реши да замине за Мексико, каде што доби покана од екипата на Монтереј. Како што пренесува „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во тек и доколку ги мине лекарските прегледи ќе биде промовиран како нов играч на мексиканскиот клуб.

На клупата на Монтереј е Мартин Демикелис, кој во Рамос наоѓа засилување по повредата на Карлос Салседо.

Овој клуб моментално е на 13. место во мексиканската Клаусура со три бода по три одиграни натпревари.

Се вчитува...