Серхио Рамос ја засени и Ајфеловата кула во Париз (ФОТО)

Серхио Рамос официјално ќе стане фудбалер на Пари Сен Жермен денеска или најдоцна утре. Договорот меѓу двете страни ќе биде потпишан на две години, откако веќе се договорени сите услови меѓу ПСЖ и Рамос, односно неговиот брат и менаџерот Рене.

Денеска, одличниот дефанзивец ќе изврши лекарски прегледи, а доколку се оди како што треба, се очекува да иницира соработка со францускиот вицешампион.

Важноста на доаѓањето на Рамос во Париз може да се види и од насловната страница на „Л’Екип“. На насловната страница го сменија грбот на градот и клубот, па наместо Ајфеловата кула го ставија Серхио Рамос со натпис – „Споменик во Париз“.

Рамос доаѓа во Париз по 16 години поминати во Реал Мадрид, за кој одигра 671 натпревар. Мадрид му понуди договорот на екс капитенот за една година и 10 проценти намалување на платата поради кризата предизвикана од коронавирусот. Сепак, Рамос не сакаше да се согласи на тоа. Тој побара 12 милиони евра годишно и продолжување на договорот за две години. Флорентино Перез, претседателот на Реал, не излезе во пресрет на капитенот, па се случи прекин на соработката меѓу двете страни.

 

 

 

 

Се вчитува...