Серхио Рамос сака да се врати во Севилја

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос сака својата кариера да ја продолжи во Севилја, пренесуваат шпанските медиуми.

37-годишниот Рамос изминативе две сезони играше за ПСЖ, но сега одби да го продолжи договорот со шампионот на Франција. Не сака да ги прифати ниту понудите од Саудиска Арабија, но сака да се врати во Севилја каде ја стартуваше својата кариера.

Сепак, се наведува дека на Севилја не и е приоритет ангажманот на Рамос, бидејќи актуелниот освојувач на Лигата на Европа сака да создаде млад тим за следните сезони. Севилја и не може финансиски да одговори на платата која одговара за Рамос, но поранешниот шпански репрезентативец им порача на челниците на клубот дека финансиската заработка не му е приоритетна и може да се договорат.

Рамос за Севилја играше од 1996 до 2005 година, а потоа 16 сезони беше дел од Реал Мадрид пред да се пресели во Париз.

Се вчитува...