Серхио Рамос со интересен предлог – Направете три „Златни топки“

И понтаму трае дебатата за тоа кој навистина заслужи да ја освои „Златната топка“ за 2019 година. Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос понуди интересен предлог во изборот за најдобар фудбалер во светот и доделувањето на „Златната топка“.

„Треба да се направат три „Златни топки“. Една за Меси, една за Роналдо и една за сите останати“, низ насмевка изјави Рамос. 

Лионел Меси минатата недела ја освои шестата „Златна топка“ во кариерата, со што стана најтрофеен фудбалер во изборот на „Франс фудбал“, додека Кристијано Роналдо има една помалку.

Се вчитува...