Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, размислува летово да го напушти клубот од „Сантијаго Бернабе“, пренесуваат медиумите на Пиринеите.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека ваквата одлука, Серхио Рамос ја донел поради караницата која ја имал со претседателот на клубот Флорентино Перез, по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите.
Рамос 14 години е дел од „кралскиот клуб“, за кого забележа 606 настапи, на кои постигна 84 гола, а со тимот од „Сантијаго Бернабе“ четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите.
За услугите на Шпанецот заинтересирани се Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, кои будно ќе ја следат целата ситуација околу конечната одлука на Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА