Серхио Рико: Прво што ги прашав лекарите е дали ќе можам повторно да играм фудбал

Серхио Рико излезе како победник од најважната битка откако преживеа по бизарната несреќа и падот од коњ по што се здоби со сериозни повреди на главата.

Шпанскиот голман на ПСЖ со денови беше во кома, но докторите успеаја да се изборат за неговиот живот, а Рико не ја крие големата желба повторно да заигра фудбал. Пресудна сепак ќе биде сугестијата на медицинските лица на најновите прегледи што се закажани за следната седмица.

„За неколку дена имам нови прегледи, лекарите ќе ми кажат што се случува со аневризмата што ја имам. Можеби ќе ми дозволат и да се занимавам со спорт, сите мои блиски знаат дека голема желба ми е да се вратам на фудбалот, пак да заиграм за ПСЖ веќе оваа сезона. Прво нешто што ги прашав лекарите кога се разбудив од комба беше дали ќе можам повторно да играм фудбал, тоа ми е исклучително важно“, изјави Рико.

Се вчитува...