Серхио Родригез дефинитивно си замина од ЦСКА Москва, а 48 часа откако беше обелоденета разделбата од европскиот првак, шпанскиот плејмејкер изненади со изборот на својот нов клуб. Иако за неговите услуги во трка влегоа неколку екипи од татковината, Родригез реши да не се врати во Шпанија, туку да се пресели во Италија, во таборот на Олимпија Милано.
Челниците на овој клуб се обидуваат да направат ремонт, за таа цел беше ангажиран и Еторе Месина, кој имал клучна улога во преговорите со Родригез. Двајцата имаа беспрекорна соработка како дел од Реал Мадрид, што била доволна препорака за токму Родригез да биде најзвучното засилување на Месина летово во Милано.
Шпанецот минатата сезона имаше просек од 10,2 поени и 4,5 асистенции по натпревар во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА