Серхио Скариоло има нов ангажман

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, италијанскиот стартег Серхио Скариоло нема да мирува додека трае клупската сезона и истата ќе ја искористи за нов предизвик, влегувајќи во коментаторските води.

Искусниот и трофеен стратег ќе биде стучен аналитичар за водечката телевизија која ја емитува шпанската кошарка „Мовистар Плус“. „Дебито“ на неговиот нов ангажман ќе биде на престојниот шпански Суперкуп.

Италијанецот нема да биде првиот тренер кој вршел ваква улога. Во минатото стручен аналитичар за италијанското првенство беше и сегашниот тренер на литванскиот евролигаш Жалгирис, Андреа Тринкиери.

Се вчитува...