Претстојните натпревари од италијанската „Серија А“ што ќе се играат викендов ќе бидат запрени на една минута во чест на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.
Дваесет и шестото коло од Калчо-лигата ќе ја одбележи годишнината од смртта на Астори, кој почина во хотелска соба ноќта пред неговиот тим да се сретне со Удинезе. Челниците на лигата објавија дека е донесена одлука играта на сите десет стадиони да биде прекината во 13. минута, како одбележување на бројот 13 што Астори го носеше во текот на кариерата.
На семафорите на стадионите во времетраење од 13 секунди ќе биде објавена фотографија од овој фудбалер, период во кој навивачите со аплауз ќе искажат почит кон Астори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА