Италијанските калчолигаши се согласиле да не биде прогласен шампион на Италија доколку првенството во Серија А не биде комплетирано до самиот крај. Дури 16 клубови од елитата го дале гласот да нема одредување на шампион и испаѓање од елитното друштво дури и доколку е тоа математички познато, ако првенството не биде целосно одиграно. Останатите четири клуба останале воздржани, но ниту еден претставник не гласал против оваа опција.
Претставниците на клубовите вчера одржале видео-конференција со челниците на Серија А и дале максимална поддршка за заокружување на шампионатот. Во понеделник оваа одлука треба да биде верификувана и од Фудбалската федерација на Италија.
Рестартот на Серија А е планиран за 20 јуни, а претходно италијанските клубови ќе одиграат и мечеви од Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

