Италијанската фудбалска лига, Серија А од догодина (2022/23) ќе забрани на тимовите да играат во зелена комбинација на дресови, а главната цел е да го доближат фудбалот до далтонистите.
„Фудбал Италија“ објави дека одлуката е донесена поради загриженоста на бродкастерите околу распознавањето на фудбалерите и особено кај далтонистите, зашто екипите во земена комбинација имаат иста боја како теренот, па сето тоа делува заслепувачки.
Поради оваа одлука Сасуоло сега ќе мора да изнајде начин и нова комбинација на дресови, па ова практично би значело дека же треба да се откаже од своите заштитно препознатливи зелено-црни дресови.
Но, ова нема да го погоди само Сасуоло, зашто Аталанта од Бергамо има една комбинација со зелен дрес, како и Лацио!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА