Парма приреди сензација во второто коло од италијанското првенство триумфирајќи на домашен терен против фаворизираниот Милан со 2-1.
Ман донесе домашната предност уште во 2. минута од средбата, а минималната предност на Парма остана на семафорот се до 66. минута кога Пулишиќ на асистенција на Леао стралаше за 1-1. Парма сепак успеа да ја врати предноста на своја страна преку Канцеиери во 77. минута и овој пат истата ја задржа до самиот крај.
VINCIAMO NOI! 💛💙#ParmaMilan #SerieAEnilive pic.twitter.com/dhbpAriQv3
— 𝐏𝐚𝐫𝐦𝐚 𝐂𝐚𝐥𝐜𝐢𝐨 𝟏𝟗𝟏𝟑 (@1913parmacalcio) August 24, 2024
Удинезе пак стигна до првиот триумф во сезоната откако на домашен терен славеше против Лацио со 2-1. Лука и Таувин во 5. и 49. минута ја тресеа мрежата па предноста од два гола беше задржана и покрај тоа што „црно-белите“ останаа со фудбалер помалку во 68. минута по вториот жолт картон на Камара. Поразот го ублажи Исаксен со гол во 95. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА