Кристијано Роналдо е избран за најдобар напаѓач во Серија А за минатата сезона. Изборот од играчите на Јувентус беше логичен, бидејќи Роналдо е најдобар стрелец на ова натпреварување со 29 голови, иако „Старата дама“ не успеа да стигне до десеттото Скуде по ред.
Наградата за најдобар играч за врска му припадна на Николо Барела, член на шампионскиот тим, Интер, додека Кристијан Ромеро од Аталанта го зазема врвот кај дефанзивците.
Најдобар голман е Џанлуиџи Донарума, чуварот на мрежата на Милан. Интересно, наградата му припадна на Донарума и покрај тоа што не прими најмалку голови во сезоната. Подобри од него во тој сегмент беа Самир Хандановиќ (Интер) и Војчех Ченсни (Јувентус).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА