Серија А воведува систем на полуавтоматски офсајд

Елитното италијанско фудбалско натпреварување од првиот натпревар во 2023 година ќе го воведе полуавтоматскиот офсајд систем кој се користеше и на Светското првенство во Катар, потврди раководството на Серија А.

Ситемот донесе брзина во проверката на недозволените ситуации и неговата имплементација е со цел забрзување на играта, нешто што е во прилог и на фудбалерите и на навивачите кои во минатото знаеја да се пожалат од долгите ВАР проверки.

Оваа технологија покажа неколку милиметарски недозволени ситуации во Катар, но и милиметарски дозволени позиции како третиот гол на Аргетнина во големото финале.

Се вчитува...