Елиф Елмас 20 месеци по заминување во Лајпциг повторно е член на Наполи откако „сино-белите“ попладнево и официјално го потврдија камбекот на македонскиот репрезентативец.
Елмас не ја крие гордоста што повторно ќе го облече дресот на овој италијански фудбалски гигант, а камбекот на нашиот „дијамант“ беше потврден и од страна на Серија А.
„Некои љубови не завршуваат“, гласеше објавата на елитното италијанско фудбалско друштво за големиот камбек на македонскиот репрезентативец.
Елмас по комплетирањето на овој трансфер се враќа во Скопје, каде ќе ја предводи македонската репрезентација на септемвриските натпревари, пријателскиот дуел со Саудиска Арабија по кој ќе следи и квалификацискиот меч на домашен терен против Лихтенштајн.
Certi amori non finiscono… 💙🥹
Eljif Elmas torna al @sscnapoli! pic.twitter.com/82Bn9O8THT
— Lega Serie A (@SerieA) September 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

