Серија инциденти во Охрид: Од Еурофарм Пелистер ги искршиле и вратите во соблекувалната во Охрид… (ФОТО)

Очигледно е дека Е. Пелистер тешко го доживеа поразот од Охрид од 29-25 во Суперлигата на Македонија, па по мечот од страна на СВР-Охрид се евидентирани повеќе инциденти.

Како што е познато, приведен е и Дејан Манасков поради напад на помошниот тренер на Охрд, Крсте Андоновски, па како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ќе биде поднесене соодветна пријава, а како што пренесува „Охрид спорт“, инцидент имало и меѓу гостинскиот играч Радивојевиќ и тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ.

„Охрид спорт“ пренесува дека во нервозата по мечот, искршена е и вратата во гостинската соблекувална, а серијата инциденти кулминирале со напад на група гостински навивачи на неколку охриѓани во центарот на градот.

Портпаролот Стефан Димоски го потврди и тој инцидент посочувајќи дека полицијата работи на расветлување на немилиот настан што го предизвикале навивачи на Е. Пелистер.

Се вчитува...