Серијата на Реал запрена во Париз

Реал Мадрид беше во серија од осум победи во сите натпреварувања, „кралевите“ беа без пораз во Евролигата од почетокот на јануари, но вечерва беа принудени на капитулација на гостувањето против Париз (98-92).

Францускиот тим влезе максимално мотивиран во пресметката со „кралскиот клуб“, ги надигра избраниците на Скариоло и заслужено стигна до победата. Реал беше во двоцифрена негатива, успеа да се врати и за момент да поведе со тројката на Фелиз, но Париз го имаше расположениот Хифи и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Хифи со 21 и Мбаје со 16 поени беа најдобри поединци во таборот на Париз, Лајлс имаше 21 поен за Реал, Фелиз постигна 18, но и тоа беше недоволно за да се избегне поразот на овој дуел.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...