Сан Антонио делуваше незапирливо во изминатиот месец во кој спарси врзаа 11 победи, но оваа серија им беше прекината вечерва, со убедливиот пораз од 114-89 на гостувањето против Њујорк.
Пресудна се покажа неверојатната серија од 26-2 што домашниот тим ја направи на крајот од првата и почетокот од втората четтвртина, стигнувајќи до предност од над 20 поени. Сан Антонио се обиде да се врати, но никси беа на висина на задачата и не дозволија камбек, заслужено стигнувајќи до скалпот на тимот со втор најдобар скор во Западната конференција.
Бриџис со 25 и Брансон со 24 поени беше најефикасен во таборот на Њујорк, додека кај Сан Антонио повторно во главна улога беше Вембињама, со дабл-дабл од 25 поени и 13 скокови, надополнети со 4 блокади.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

