По летната пауза возбудувањата во Формула 1 шампионатот продолжуваат викендов со Големата награда на Холандија.
Во пресрет на квалификациите, на третиот слободен тренинг се случи сериозен инцидент откако Логан Сарџент се заби во заштитната ограда со голема брзина и го распарчи болидот, кој потоа и се запали.
Возачот на Вилијамс погреши во свиокот број четири, помина преку тревата, а дождот и влажната патека дополнително придонесоа тој да загуби контрола врз болидот. За среќа Логан Сарџент помина без повреди.
Logan Sargeant menginjak rerumputan di exit T4.
Dia kehilangan grip dan melintir menghantam tembok. pic.twitter.com/pi0yb4aHrq
— F1 Speed Indonesia (@f1speed_indo) August 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА