Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ се повреди на синоќешниот натпревар на Ал Хилал и Ал Шабаб во Саудиска Арабија.
Митровиќ постигна два гола пред да мора ја напушти играта поради повреда во победата од 4-3 на неговиот Ал Хилал.
Но, согласно првичните информации се работи за нималку наивна повреда поради која го чека пауза од фудбалските терени. Деталните лекарски прегледи треба да дадат одговор дали се работи за нешто сериозно кое би можело да го спречи и неговиот настап за Србија во јуни на Европското првенство 2024 во Германија. Затоа што, и синоќа кога го напушташе стадионот, беше очигледно има проблеми со одењето…
Mitrovic was injured & has been subbed off 👀 pic.twitter.com/mMkDGykGTw
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) March 30, 2024
ميتروفيتش يغادر وهو متأثر في الاصابة pic.twitter.com/UBVG50Ox73
— عالم ميتروفيتش – Mitrovic world (@Mitro9world) March 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА