Сериозна повреда на Монеке – едвај се движеше по мечот со Барселона (ВИДЕО)

Црвена Звезда загуби синоќа од Барселона во Белград во Евролигата, но тоа и не е најлошата вест за црвено-белите по мечот.

По натпреварот очигледно беше дека еден од најдобрите кошаркари на тимот, Чима Монеке има заработено повреда. Тој едвај движејќи се ја напушти белградската арена.

Видливо се мачеше да стигне до својот автомобил, па сега се поставува прашањето дали ќе биде подготвен за следните натпревари, а за една недела е закажано првото вечно дерби против Партизан.

Повреда заработи и Огњен Добриќ, а сериозноста на неговата повреда сè уште не е позната.

Се вчитува...