Вардар убедливо со 23-32 триумфираше на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во 9.коло од Суперлигата на Македонија.
Но, мечот го одбележа и еден несакан момент во 52. минута кога португалскиот интернационалец во редовите на Вардар, Нилтон Мело заработи сериозна повреда на главата.
Мело доби еден удар со нога во главата, по што веднаш го напушти теренот и се „струполи“ покрај аут-линијата, жалејќи се на болки. Од лекарскиот тим на Вардар веднаш со интервенција за својот ракометар кој потоа и ја напушти клупата на тимот како би му се пружила подетална лекарска помош.
Според последните информации, левиот бек на „вардарци“ се чувствува добро во очекување на натамошните детални прегледи пред да се даде оценка дали и колку би можел да отсуствува од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА