Сериозни обвинувања: Домен Превц е измамник?!

Домен Превц доминира на неверојатен начин во ски-скоковите во последните неколку години, а незадоволните ривали упорно бараат начин да докажат дека словенечкиот ас користи недозволени средства и методи за да бележи такви резултати.

Тоа се случи и по последното натпреврување, откако полските медиуми покренаа лавина со обвинувањата дека Превц е измамник што ги прекршува правилата. Конкретно, Полјаците се убедени дека Словенецот го прекршува правилото за должина на ракавите на маицата под комбинизонот, што никако не смее да биде под лакотот на скокачот.

Истражувањата покажале дека тоа би донело предност на скокачот со подолга маица од пропишаното, а полската јавност бурно реагираше по објавувањето на фотографија од Превц со маица до половина подлактица, токму пред рекордниот лет од 245,5 метри.

Бурата за момент се стивна откако организаторите објавија дека на победникот му била извршена контрола на опремата како и на сите други скокачи, и тоа пред и по двете серии скокови.

„Проверките беа извршени според правилата кои се однесуваат подеднакво за сите натпреварувачи“, изјави главниот контролор на настанот.

Нема сомнеж дека доминацијата  на Домен Превц ги фрустрира ривалите, кои упорно бараат начин да го дискредитираат големиот шампион. Во овој случај, тоа дефинитивно не им успеа.

Се вчитува...