Леброн Џејмс се соочува со неочекувани проблеми откако големиот ас шокантно беше обвинет за користење на недозволени стимулативни средства додека настапувал за Мајами, каде што „кралот“ ги освои своите први две титули во кариерата.
Поранешниот НБА-кошаркар Џеф Тиг јавно го обвини Леброн за користење допинг при настапите за Мајами, каде Џејмс настапуваше во периодот од 2010 до 2015 година.
„Леброн беше на стероиди, мораше и да пропушта натпревари затоа што користеше стероиди. Така слушнав… НБА почна да тестира за нови супстанци за хормони за раст, а Леброн веднаш кажал дека го боли грбот. Три седмици не играше натпревар, а потоа се врати на терените значително послаб од претходно“, истакна Тиг, кревајќи бура во американската спортска јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

