Сервет се интересира за Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, би можел да се врати во Швајцарија после седум години. Како што дознава ЕКИПА, екипата на Сервет е заинтересирана за потписот на Алиоски кој е слободен агент, откако му истече договорот со Ал Ахли.

Алиоски една година веќе нема играно клупски фудбал, откако Ал Ахли не дозволи негов трансфер, ниту позајмица во текот на минатата сезона. Сега прв со конкретен интерес се јави Сервет, кој ќе влезе во преговори со левокрилниот играч за негов ангажман.

Алиоски во Швајцарија настапуваше за Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс, а беше дел и од Лидс Јунајтед. Една полусезона како позајмен мина и во турски Фенербахче.

И покрај тоа што нема клуб веќе извесно време, тој е стандарден во репрезентацијата на Македонија, за која има 74 настапи.

Се вчитува...