Новото засилување на Баерн Минхен, Серж Гнабри привремено ја напушта „Алијанц“ арената и ќе игра во редовите на Хофенхајм. 22-годишното крило се согласи на позајмицата, која и самиот ја бараше со цел да добива што поголема минутажа.
„Желбата за позајмица беше негова. Гнабри ми кажа дека не сака да седи на клупа, сака да игра секој викенд и да продолжи да се развива. Верува дека ќе му помогне за следната сезона има поголем статус во нашиот тим“, истакна генералниот менаџер на Баерн, Карл Хајнц Румениге.
На почетокот на летниот трансфер период, германските медиуми пренесуваа дека Гнабри треба да направи перманентен трансфер во бундеслигашкиот клуб, но Хофенхајм не може да се бори со германскиот великан. Но, со овој потег не остануваат потполно со празни раце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА