Десниот бек на ПСЖ, Серж Орие, го комплетираше трансферот во редовите на Тотенхем, за сума 23 милиони фунти. Контроверзниот фудбалер потпиша петгодишен договор, a ќе го носи дресот со број „24“.
„Ова е нов почеток за мене. Мојата цел е да докажам дека сум професионалец на теренот, а и надвор од него. Фановите на секој клуб се најважни, па така јас ќе дадам се од себе да им го претставам вистинскиот Серж на навивачите на овој клуб“, истакна Орие.
За „петлите“ ова е четврто засилување летово, по Пол Газанига, Хуан Флојт и рекордното засилување, Давинсон Санчез. Орие ќе треба да го пополни местото на заминатиот Кајл Вокер, но ќе има конкуренција од Киран Трипие за прв избор на Покетино.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, минатата сезона одигра вкупно 32 натпревари за парижаните, а забележа и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА