Сесењон не прифаќа нов договор со Фулам – Сака да игра во Премиер – лигата

Младиот Рајан Сесењон сака да го напушти Фулам, одбивајќи да потпише нов договор со клубот кој испадна од англиската Премиер-лига.

Крилниот фудбалер сака да игра во елитата и поради тоа одби да потпише нов договор со Фулам кој следната сезона ќе игра во Чемпионшип.

Најзаинтересирани за услугите на 19-годишникот се Манчестер Јунајтед и Тотенхем кои веќе го имаат контактирано Фулам. Договорот на Сесењон со Фулам истекува следното лето што значи дека овој трансфер рок е последна шанса клубот од Лондон да заработи на него.

 

Се вчитува...