Младиот англиски фудбалер Рајан Сесењон би можел во следниот трансфер период да го напушти Фулам и да потпише за Манчестер Јунајтед.
Фулам сезонава испадна од Премиер-лигата и поради тоа е извесно дека ќе остане без голем дел од составот. Некои фудбалери веќе најдоа нов ангажман, а најверојатно тоа ќе го направи и младата ѕвезда на тимот Рајан Сесењон.
Манчестер Јунајтед е единствениот клуб кој досега го контактирал Фулам за услугите на 19-годишниот фудбалер, а покрај англискиот гигант за него се заинтересирани и Тотенхем и Јувентус. Бидејќи Сесењон има уште една година од договорот во Фулам, од клубот сметаат дека сега е вистинскиот момент да заработат од неговиот трансфер, а Манчестер Јунајтед е можеби и идеална опција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА