Солзите на Кристијано Роналдо го обиколија светот. Португалецот беше исклучен во Валенсија по зафатот за глава на противнички фудбалер, а кога виде дека судијата Феликс Брих му покажа црвен картон едноставно „пукна“.
This is the clearest angle so far on Ronaldo’s red card “offence”
So he does touch Murillo’s head after all, don’t think he actually does any hair pulling though. Still no way a red for me. pic.twitter.com/0GSvmKgsMn
— Jonathan Soveta (@eighteenyards) September 19, 2018
Мислењата се поделени. Едни тврдат дека Муриљо изнуди исклучување и дека контакт за црвен картон немаше, а други сметаат дека намерата била важна и дека Роналдо заслужил казна.
Но, сестрата на Кристијано, Кети Авеиро и тоа како е „лута“. Сестрата на Роналдо на бизарен начин ги коментираше преку социјалните мрежи солзите на својот брат…
„Срамота за фудбалот. Правдата ќе излезе на виделина. Тие сакаат да го уништат мојот брат, но Господ никогаш не спие. Ќе платите голема цена за овие солзи. Тие сакаат да го спуштат на земја, но нема да успеат“ – напиша Кети Авеиро.
Cristiano Ronaldo’s sister launches FURIOUS tirade in defence of her brother after red card – “Justice will be done!” https://t.co/QaswHGyu94 pic.twitter.com/ZhQGak9OTz
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА