Сестрата на Роналдо: Корона е најголема измама на човештвото

Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро, отворено изрази сомнеж за постоењето на коронавирусот. Неполни 24 часа откако нејзиниот брат беше позитивен при тестирањето со националниот тим, Катја се јави со порака на социјалните мрежи, нарекувајќи го Кристијано „спасител“ за „освестување“ на остатокот од светот кој верува во оваа боелст.

„Ако Кристијано Роналдо е тој што мора да го разбуди светот, морам да кажам дека Португалецот навистина е испратен од Бога. Верувам дека илјадници ќе се појават денеска со свој став за оваа пандемија, за тестовите и мерките, став како мојот…. дека короната е најголема измама на човештвото, дефинитивно најголемата измама откако сум родена“, порача Катја Авеиро.

 

Се вчитува...