Последниот настап на Кристијано Роналдо на Светските превенства не помина како што Португалецот се надеваше. Португалија беше изненадно елиминирана во четвртфиналето, а 37-годишниот притоа и го загуби местото во стартната постава.
По крајот на Мундијалот на социјалните мрежи се огласи и неговата сестра Катиа, која напиша дека ова било најлошото Светско првенство во историјата, но им честита на Аргетнина и Франција за одличното финале.
„Ова беше најлошото Светско првенство во историјата, но за среќа ни даде одлично финале. Каков натпревар. Честитки за Аргетнина“, стои во објавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА