Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро жестоко го нападна Холанѓанецот Вирџил ван Дајк, откако синоќа тој го испровоцира нејзиниот брат со изјавата во текот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
„Ти мил Вирџил каде и да отидеш Кристијано бил и отишол илјада пати подалеку од тебе. Види мил мој Вирџил, тој Кристијано три пати беше шампион на државата во која играш ти со години и се уште не си освоил ништо. Кристијано беше и најдобар стрелец во лигата во која ти играш. Потоа мил Вирџил тој отиде во Реал Мадрид и стана најдобриот фудбалер во историјата на клубот. Ти кажува ли нешто Реал Мадрид? Тој клуб со Кристијано те победи тебе во финалето од Лигата на шампионите. Секако, Роналдо има пет златни топки. Роналдо со соиграчите во Лига на нации ја победи твојата Холандија. И на крај мил Вирџил, Роналдо дури и во последната фаза од кариерата освојува повеќе трофеи од тебе. Затоа кога ќе имаш полни раце со трофеи ќе имаш право да седнеш на иста маса со Роналдо. Како ќе кажат во мојата земја, прво порасни па после кажувај“, напиша Катја.
A post shared by Katia Aveiro (@katiaaveirooficial) on
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА