Сестрите Чолакоски ќе ги бранат боите на Бадел

Екипата на Бадел успеа да договори два значајни потписа за новата натпреварувачка сезона, денеска официјализирајќи ги договорите со сестрите Ива и Јана Чолакоски.

За Ива Чолакоска овој трансфер претставува камбек во мак-баскетот откако последните неколку години ги мина во колеџ-натпреварувањето во САД. Што се однесува до Јана, таа лани беше предводник на М18 селекцијата на „баделки“, за денеска и официјално да го потпише првиот професионален договор со трофејниот македонски кошаркарски колектив.

Бадел со овие два потписи уште еднаш потврди дека е подготвен за борба за висок пласман во следната сезона, откако во претходниот период беа потпишани договори и со Јована Петрушевска, Марија Николов, Љубица Бошкова, Линдзи Клири…

Се вчитува...