Сета убавина на Премиер-лигата: Фудбалска фешта меѓу Брентфорд и Ливерпул

Ливерпул не успеа да стигне до цел плен на остувањето против Брентфорд, откако овој супердраматичен дуел заврши со резултат 3-3. Јирген Клоп и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи прокоцкаа предност од 1-2 и од 2-3, а на крајот можеа и да го загубат овој меч доколку голот на Тони во 87. минута не беше поништен со ВАР поради офсајд.

Драмата беше најавена уште во првите десетина минути, во кои најпрвин домаќините, а потоа и гостите се спасуваа со „чистење“ од самата гол-линија. Брентфорд прв поведе, но Жота веднаш израмни на 1-1. Португалецот веднаш потоа имаше стопроцентна шанса по одбиената топка по дирекот на Куртис Џонс, но домашниот голман со чудесна интервенција исфрли во корнер.

Салах донесе водство на самиот почеток од второто полувреме, Брентфорд повторно израмни, а кога Куртис Џонс погоди за 2-3 се чинеше дека приказната е завршена. Салах и Мане пропуштија стопроцентни шанси за четврти поодок за Ливерпул, по што казната стигна во 82. минута, кога Виса најдобро се снајде по падот на Александер Арнолд и го матирше Алисон Бекер.

Ливерпул и со овој бод е првопласиран на табелата со 14 бода, еден повеќе од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Евертон и Челси, додека Брентфорд се наоѓа на деветтата позиција со девет бода на своето салдо.

 

 

Се вчитува...