Сета животна и кошаркарска мудрост на Крег Попович собрана во девет изјави

Тешката болест е причината поради која Грег Попович веќе неколку месеци наназад не беше во можност да го води тимот на Сан Антонио, а вечерва беше и официјално објавено дека фантастичниот стратег нема да се врати повеќе на кормилото на „мамузите“.

Тој го водеше овој клуб од 1996 година, освојувајќи пет шампионски титули и развивајќи врвни асови како Данкан, Џинобили, Паркер, Ленард… а последен предивик му беше да направи суперѕвезда од Вембињама.

Тренерската големина на Попович е неверојатна, но сепак неспоредливо помала во однос на онаа на човечката, со која врвниот стратег секогаш импресионираше.

Во тој правец, на денот на неговото пензионирање беа избрани и деветте најлегендарни изјави на Попович дадени во тренерската кариера.

  1. Ако сакате да ми се допаѓате, донесите ми шише добро вино.
  2. Не сакам да ме паметат како тренер, туку како некој што им помагал на луѓето да станат подобри луѓе.
  3. Почитта е поважна од победата. А карактерот е поважен од талентот.
  4. Ние не тренираме роботи. Грешките се основен дел од учењето.
  5. Кој некој ве тренира, вие всушност му давате дозвола да ви ја каже вистината. Понекогаш тоа боли.
  6. Демократијата во екипата не значи дека сите одлучуваат, туку дека сите имаат свој глас. Сепак, постои само еден капетан на бродот.
  7. Заедништвото не можеш да го купиш, ниту да го нацрташ… Мораш да го живееш.
  8. Ако играта не ти е во служба на екипата, тогаш си само статистика во празен дрес.
  9. Кога сите би се однесувале како Тим Данкан, светот би бил подобро место за сите.

Денеска е означен крај на една ера во НБА-лигата, крај на една ера во кошаркарскиот спорт…

Се вчитува...