Нов играч на српскиот тим Партизан треба да стане Северина. Станува збор за левокрилниот фудбалер на Курасао, 22-годишниот Ксандер Северина, кој има и холандски пасош.
Северина во изминатата сезона настапуваше за Ден Хаг. Во тој клуб е од 2021 година, и во 62 настапи постигна осум голови и 12 асистенции.
И покрај тоа што имал понуди од други клубови, се решил да ја прифати понудата од белградските „црно-бели“. Во Партизан стигнува како слободен агент, а во минатото играше и за Спарта Ротердам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА