Јужна и Северна Кореја се заинтересирани за заеднички настсап на Летните олимписки игри во Токоио во 2020 година. Претставници на двете држави на состанок со Интернационалниот олимписки комитет и наговестиле можност дури и за заеднички репрезентации во некои спортови.
Делегациите на двете земји заеднички излегоа на отворањето на игрите во Пјонгчанг.
„За време на состанокот сфативме дека двете делегации се заинтересирани да се обединат и да настапат на игрите ов токои, односно заедно да се поајват на цермонијата на отворањето, дури и во одредени спортови би можеле и да учествуваат под заедничко знаме“ – изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.
На состанокот дури и се разгледувала можноста двете земија заеднички да бидат домаќини на Олимписките игри во 2032 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА