Северна и Јужна Кореја постигнале договор за заедничка кандидатура за Летните Олимписки Игри во 2032 година. Ова е епилог од средбата на претседателите на двете земји во Пјонгјанг. Двете држави веќе имаат настапи под едно знаме на големите настани, а го освоија и првото злато на Азиските игри изминатово лето.
Индија, Австралија, Кина и Индонезија исто така покажаа интерес за организација на Игрите.
Јужна Кореја беше домаќин на Зимските Олимписки Игри на почетокот од оваа година во Пјончанг, а во 1988 година во главниот град Сеул се одржаа и летни олимписки игри.
Заедничката кандидатура е дел од обидите да се подобрат односите меѓу двете држави кои повеќе децении беа практично во воена состојба.
Еден од адутите во заедничката кандидатура треба да биде „Меј Деј“ стадионот кој е најголем во светот со капацитет од 150.000.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА