Северниот сосед добива засилување: ФИФА му дозволи на Самарџиќ да игра за Србија

Меѓународната фудбалска организација ФИФА потврди дека играчот на Удинезе, Лазар Самарџиќ има право да игра за А репрезентацијата на Србија, соопшти денеска фудбалската федерација на нашиот северен сосед.

Самарџиќ доби повик од селекторот Драган Стојковиќ за да настапува во националнот тим за почетокот на квалификациите за ЕП 2024 година.

„На адресата на фудбалската федерација на Србија, стигна допис од ФИФА во врска со Лазар Самарџиќ, на кој се потврдува – за еден од најталентираните млади играчи во Европа нема ниту административни пречки да го облече дресот на А селекцијата на Србија“, стои во соопштението.

Самарџиќ играше за младите категории на Германија, и одбра да игра за сениорскиот тим на Србија. Србија на 24. март игра против Литванија дома, а три дена подоцна гостува кај Црна Гора.

Се вчитува...