Северот презема, Торонто ја урива империјата Голден Стејт (ВИДЕО)

Во првото учество во финале во Лигата, Торонто е на една победа до трофејот во НБА. Поведе со 3-1 во победи против актуелниот првак, Голден Стејт откако го доби натпреварот број четири од финалната серија со 105-92. Канадскиот состав славеше во Оукленд на противнички терен благодарение на третата четвртина која ја доби со 37-21 со што направи пресврт во дуелот, откако губеше со 10 разлика и со 12 поени позитива влезе во завршниот сегмент од средбата. Му беа доволни за да дојде до значајниот триумф.

Торонто историја може да испише на домашен терен, во петтиот натпревар од финалето, закажан за вторник кога би можел да ја реализира победата со која ќе дојде до првата шампионска титула.

Каваи Ленард повторно беше брилијантен кај Торонто, постигна 36 поени, имаше и 12 скока, Серж Ибака постигна 20. Кај Голден Стејт, Клеј Томпсон имаше највисоки во тимот 28 пени, Стеф Кари заврши со поен помалку, но имаше катастрофална реализација, погоди 9 од 22 обиди од игра.

Се вчитува...