Во меч со многу набој и со прекин од 20 минути пред самиот финиш, градското дерби за Севиља го доби тимот на Бетис, кој славеше на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ со 0-2.
Двата гола за триумф, гостите ги постигнаа во вториот дел, а потоа останаа и со играч повеќе, што ги изнервира домашните фанови кои фрлаа со предмети по гостинскиот голман, па мечот мораше да биде прекинат.
Пабло Форналс во 54. минута донесе предност за Бетис, а Алтимира во 69. минута го постигна вториот гол за „зелено-белите“. Ромеро во 84. минута заработи исклучување, што во голема мера ја олесни работата на гостинската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

