Севиља ги распродаде билетите за прошталната церемонија за Навас

Севиља објави дека целосно го распродаде Рамон Санчез Писхуан за прошталната церемонија со нивниот легендарен капитен Хесус Навас, кој стави крај на својата славна кариера. Настанот ќе се одржи утре во 17 часот, а сите навивачи ќе можат да му заблагодарат на играчот за целиот придонес.

Последниот натпревар за 39-годишниот Хесус Навас за андалузискиот клуб беше на Сантијаго Бернабеу во поразот од Реал Мадрид со 2:4  Тој играше за Севиља 705 натпревари во сите натпреварувања (516 во Ла Лига ), како играч со најмногу натпревари и трофеи во историјата на клубот.

Со Севиља, Хесус Навас четири пати ја освои Лига Европа, два пати „Кралскиот куп“ и по еден Суперкуп на Европа и по еден шпански Суперкуп, додавајќи на сето тоа што постигна со шпанската репрезентација – дури 4 трофеи (светски и двапати европски шампион, како и победник во Лигата на нации).

Се вчитува...