После три натпревари без победа, односно само еден триумф во последните пет меча, екипата на Севиља стави крај на лошата низа со лесен триумф над Овиедо од 4-0. Домашните немаа потешкотии да дојдат до трите бода во пресметката со еден од кандидатите за испаѓање од Ла Лига.
Победата ја најави голот на Адамс уште во 4. минута од средбата. Соу во 22. минута зголеми на 2-0, и уште од тука се наѕираше триумфот на домашниот тим.
Во второто полувреме, во 51. минута Менди постигна гол и зголеми на 3-0, а Еџуке на минута пред крајот на натпреварот донесе и 4-0, откако претходно гостите останаа и со играч помалку по двата жолти картони за една минута на Кармо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

