Вечерва на стадионот „Рамон Санчез Пицхуан“, Севиља го пречекува Вест Хем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа, а управата на шпанскиот тим дел од влезниците преку интернет ги продава за неверојатни 10.000 евра.
Управата одлучи влезниците за „домашните“ трибини да ги нуди по цена од 9.999 евра и тоа само за да ги спречи англиските навивачи да се измешаат со домашните фанови и со тоа да се избегнат евентуални нереди и инциденти на трибините.
Домашните навивачи кои имаат годишни билет, влезниците можат да ги купат за 35 евра.
Управата на Севиља сличен потег направи и во претходната рунда во Лигата на Европа пред дуелот со Динамо Загреб. Тогаш беше прекината продажбата на билети преку интернет бидејќи примерија дека навивачите на Динамо почнале да купуваат влезници за „домашната“ трибина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА