Севиља со еден гол ја совлада Селта на простувањето на Хесус Навас

Еден гол беше доволен на екипата на Севиља, да дојде до триумф над Селта на домашен терен.

Стрелец на голот беше Буено во 65. минута од средбата. Натпреварот изобилуваше со малку шанси на двете страни. Во 11. минута Селта ја погоди стативата, и пропушти можност да поведе, и да му даде поинаков тек на мечот.

Во финишот, пак, на Севиља и беше поништен гол кој го постигна Локонга.

Ова беше последен натпревар во кариерата за Хесус Навас пред своите навивачи. Официјалниот крај ќе го има на натпревар против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе на 22. декември.

Се вчитува...