Севилја се реши за голманска рокада во текот на летниот преоден рок, чешкиот репрезентативец Томаш Валчик си замина по истекот на договорот, а на негово место на „Санчез Пизхуан“ пристигнува Марко Дмитровиќ.
Српскиот голман беше една од ретките светли точки во тимот на Еибар кој испадна од Ла Лига. Дмитровиќ стана слободен играч по истекот на договорот со Еибар, а од неколкуте понуди на маса тој ја избра онаа за останување во Ла Лига и преселба во редовите на Севилја. Тој веќе ги минал лекарските прегледи и во следните денови ќе потпише тригодишен договор со новиот клуб, со кој во наредната сезона ќе има можност да настапува и во Лигата на Шампионите.
Останува да се види дали Дмитровиќ ќе успее да се избори за улогата на прв голман во Севилја што моментно му припаѓа Јасин Буну, кој максимално ја искористи шансата што му се укажа во периодот кога Вачлик беше повреден, добивајќи ја довербата на тренерот Лопетеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА