Севилја успеа да го совлада Реал Мадрид на домашен терен со 3-2 и ги задржа шансите за излез на европска сцена. Новиот тренер Хоакин Капарос го исправи бродот кој не изгледаше сигурно кога кормилото го имаше Винченцо Монтела.
Бен Једер во 26.минута го постигна првиот гол за Севилја, а Лајун пред самиот крај на првото полувреме зголеми на 2-0. Серхио Рамос во вториот дел не успеа да реализира пенал, а потоа си постигна и автогол, по што беше јасно дека бодовите ќе му припаднат на домаќинот. Борха Мајорал беше стрелец на првиот погодок за „кралевите“ на овој меч, а Рамос погоди од пенал во последните моменти за конечни 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА