Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, и тоа убедлив (3-0) на гости против Севилја. Тимот на Хулен Лопетеги беше непрепознатлив, домашните фудбалери делуваа разиграно и сосема заслужено стигнаа до триумф. „Кралевите“ остануваат со 13 бода на втората позиција на табелата, колку што има и најлутиот ривал Барселона на врвот.
Севилја беше импресивна во првото полувреме, кога ги постигна сите три гола. Андре Силва, засилувањето од Милан, покажа дека е квалитетен напаѓач и ги постигна првите два гола за Севилја, во 17. и во 21.минута. Во финишот на првиот дел, Бен Једер зголеми на 3-0. „Кралскиот клуб“ немаше одговор до самиот крај на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА